Легендата вели дека во XV век на падините на планината Стогово, во месноста Дрениче постоела црква, од која неколкупати ја снемувало иконата на св. Спас која „одлетувала“ и ја наоѓале на местото на кое денес се наоѓа селото Гари.

– Иконата, како што тогаш забележувале селаните, три дена „одлетувала“ од Дрениче и паѓала на местото каде што денес се наоѓа селото Гари. Жителите навечер ја враќале во црквата во Дрениче, но утредента забележувале дека иконата не е во црквата. По оваа случка сфатиле дека тоа е аманет од Бога, кој им кажува дека тие треба да се преселат од Дрениче на местото каде што секое утро ја наоѓале иконата на св. Спас, и на тоа место да подигант црква. Ова е легендата за мијачко село Гари. Прекрасно место, преубави луѓе, ако ништо друго ќе те научат да лупаш на тапан… Мијачка работа, пишува на својот Фејсбук профил Драгана Каловска.

Легендата е убава, но исто толку и природата, што може да се види од фотографиите позајмени од Каловска.