Голманот Дамјан Шишковски потпиша едногодишен договор со Работнички, а од денеска му се става на располагање на тренерот Александар Влахо.
Шишковски замина од Работнички во финскиот клуб Лахти во зимскиот преоден рок во 2018 година, а изминатава сезона беше член на Ропс, за кој настапуваше и во квалификациите за Лигата на Европа. Откако завршија неговите обврски со финскиот клуб, сега комплетно е на располагање на тренерот Влахо, соопштија од клубот.
„Романтичарите“ утринава заминаа на подготовки во Банско. Таму ќе одиграат четири пријателски натпревари, а противници се израелските клубови Хапоел Нир Рамат Хашарон (21 јули) и Хапоел Рамат Ган (24 јули), бугарскиот тим Септември (26 јули) и Алтин Асир (27 јули) од Туркменистан.