На здравје со Филип Рикер за идното сојузништво, наздрави на Фејсбук министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД. На здравје со Филип Рикер, за идното сојузништво, објави Димитров.
В.д. помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и поранешен амбасадор во Македонија денеска е во посета на нашата земја.