Младиот репрезентативец на Англија и фудбалер на Фулхам Харвеј Елиот, (16) стана официјален член на Ливерпул.
Чудото од дете со 16 години и 30 дена во мај годинава стана најмладиот играч во историјата кој играl на натпревар во Премиер лигата, поточно на натпреварот Фулхам и Волверхамптон.
Инаку, Елиот во Фулхам дебитираше уште пред една година на 15-годишна возраст, но тогаш се натпреваруваше на Купот Карабао.
За младиот талентиран англиски фудбалер интерес покажале и Манчестер сити и Арсенал, но на крајот сепак се одлучи за Ливерпул, чиј дел ќе биде и на пријателскиот натпревар против Наполи во Единбург, а потоа ќе им се приклучи на „црвените“ во подготовките за следната сезона.