Таксист вчера доживеал напад од вооружено лице, а откако бил ограбен напаѓачот избегал.
Настанот, како што информира МВР, се случил вчера околу 22,40 часот. Од страна на М.Г. (36) од Скопје е пријавено дека на улица „Методија Митевски” додека чекал патници на такси станицата се качило непознато лице кое побарало да го одвезе до одредена локација со населба Чаир.
Откако пристигнале на наведената локација, непознатото лице со закана со огнено оружје одзел 2.000 денари од пријавителот и го напуштил местото на настанот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.