Осумгодишно девојче се удавило во семејниот базен во скопско Бардовци.
Синоќа во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје било донесено починато 8-годишно девојче од скопското село Бардовци. Девојчето околу 21:15 часот се удавило во базен од семејната куќа.
Од итна медицинска помош била извршена реанимација, по што било пренесено во Клиничкиот ценат, каде од страна на лекар била констатирана смрт.