Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас, изјави денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.
– Сите политички субјекти имаат одговорност да ги поддржат реформите. Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран, изјави Шеќеринска преку Фејсбук.