НАТО мора да ги разбере последиците од кинескиот подем, додека Пекинг ја проширува својата моќ, вклучувајќи области кои можат да ги предизвикаат членките на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на северноатлантската организација Јенс Столтенберг.
– Овде не станува збор за поместување на НАТО на Пацификот, туку за одговор на фактот дека Кина ни се приближува. Се инвестира во критична инфраструктура во Европа, се зголемува присуството на Арктикот, во Африка, како и во кибер просторот, изјави Столтенберг.
Според него, сето тоа е важно за НАТО за да се позанимава со подемот на Кина, како и тоа да го направи во соработка со партнерите во тој регион – Австралија, Нов Зеланд, но и Јапонија и Јужна Кореја.