Единствените кои се во паника се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на кои од ден на ден им станува се појасно дека е невозможна одбрана на криминалот на режимот, реагира вечерва владејачката партија по реакциите во јавноста за изјавата на нивниот лидер и премиер за тоа на „П“, кое се смета за говор на омраза.
– ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за навреди и закани. 11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што премолчуваше, туку и директно промовираше насилство кон ЛГБТ заедницата и нејзини претставници. Таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ продолжи и во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски беше изрично и отворено против одржување на Парадата на гордоста, а уште пожестоко се спротиставуваше на носење на Законот за заштита од дискриминација со која за првпат се воведе сексуалната ориентација како основа за дискриминација. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација, се вели во соопштението.
Натаму од владејачкиот СДСМ додаваат:
– Единствените кои се во паника се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на кои од ден на ден им станува се појасно дека е невозможна одбрана на криминалот на режимот. Колку и да е неприфатливо за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна. Законите важат за сите подеднакво и не смеат и не препознаваат верска, национална, политичка или друга припадност. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се плашат од правдата. Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта, зе вели во последното соопштение од СДСМ.