Нема бегање од вистистината Мицкоски, соопшти денеска СДСМ во врска со големата криминална афера Рекет.
– Христијан Мицкоски да не се крие зад статуси на социјалните мрежи со кои се обидува да избега одговори на прашањата за кои треба да се изјсани. Особено, откако призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“, споменатиот Зоки Кичеец. Нема бегање од вистистината Мицкоски. Како што призна еднаш, треба да излезеш пред граѓаните и да одговориш. Дали си се среќавал со Никола Груевски во Будимпешта? Дали во Унгарија и во Словенија Мицкоски си се гледал со уште некој и кој е тој? Каква врска имаш со новинарот од италијанскиот весник? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
Чудни се реакциите на владејачката СДСМ. Речиси да нема ниту еден функционер кој не се сликал со Боки 13 кој е осомничен и притворен поради Рекет, а владејачката партија упорно со сооопштенија, изјави и прес-конференции го дефокусира вниманието на јавноста и посочува „виновници во опозицијата“.