Италијанскиот претседател Серџо Матарела ја прифати оставката на премиерот Џузепе Конте и утре ќе почне со консултации со лидерите на партиите за изнаоѓање решение за политичката криза, соопшти кабинетот на Матарела.
Матарела го замолил Конте да остане на должноста да се справи со дневните прашања на владата додека преговорите се во тек.
Се очекува Матарела да процени дали постои политичка волја за формирање нова влада, и ако не, тој ќе мора да го распушти парламентот три и пол години пред крајот на мандатот и да распише предвремени избори.