Детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски стана дел од тимот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
– Со потпишувањето на договорот со Чадиковски и благодарение на неговата експертиза, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се создадени услови за изведување на сите видови срцеви интервенции кај деца. По потпишувањето на договорот на единствениот лиценциран кардиохирург за деца во земјава, д-р Владимир Чадиковски со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ очекуваме соодветна институционална поддршка од здравствените власти, соопштија од болницата.
Чадиковски до неодамна беше дел од тимот во болницата „Жан Митрев“, и официјално вчера го потпишал договорот со приватната болницата „Систина“. Од денеска Чадиковски почнува со работа во оваа приватна болница.
Владимир Чадиковски до неодмана беше дел од тимот во клиниката „Жан Митрев“ како дел од проектот за јавно приватно партнерство во детската кардиохирургија. Претходно, дваесеттина години работеше на Универзитетската Клиника за детска хирургија.