Со спроведените реформи, напредокот на државата е очигледен, а најголем доказ за тоа е фактот што по години изолација и неизвесност, денес државата чекори сигурно кон интеграција во најмоќните светски сојузи, ЕУ и НАТО, изјави денеска доскроешниот министер и актуелен генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Тој на својот профил на Фејсбук објави дека денеска се сретнал со Овен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Македонија.
– Разговаравме за актуелната политичка ситуација, спроведувањето на реформскиот процес, како и процесот на евроинтеграцијата на државата и нејзиното приближување кон НАТО и ЕУ, објави Николовски на Фејсбук.