Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо може да ја продолжи кариера во Франција, објави „Гардијан“. Според медиумот, 29-годишниот Аргентинец го привлекол вниманието на Монако.
Исто така, се соопштува дека и Милан покажува интерес за Рохо. Дефанзивецот очекува да го напушти Манчестер пред да биде затворен летниот преоден рок.
Минатата сезона, Рохо одигра шест натпревари за Манчестер јунајтед.
Порталот „transfermarkt.de“ го проценува дефанзивецот на 12 милиони евра. Од почетокот на сезоната 2019/20 година, досега Аргентинецот не одигра ниту еден натпревар.