Фан страницата „Млади за Македонија“ на Фејсбук објави фотографија од Школка во Градскиот парк во Скопје на која е поставено Сонцето од Кутлеш.
– Градски парк Скопје, Македонија. Ја реконструиравме и школка во градскиот парк, пирејот се шири и нема да запреме овде. Вие едно ќе уништите/избрусите, ние пет нови ќе поставиме зашто тоа знаме и симбол е во нашите гени. Никогаш северна, само Македонија!- порачаа Млади за Македонија на Фејсбук.
Градоначалникот Петре Шилегов деновиве, исто така на Фејсбук, се испофали со овој „најнов проект“, односно бојадисувањето на школката во Градскиот парк. Тоа наиде на иронични коментари и потсмев, исто така на социјалните мрежи, каде имаше коментари дека бојадисувањето на школката е втор голем потфат на Шилегов по оној со постојката за 57-ка во Градскиот трговски центар.