Еден од најзначајните играчи на Хјустон рокетси, Ерик Гордон, потпиша нов четиригодишен договор од 76 милиони долари.
Првите три години се загарантирани, а четвртата е условена со тоа дали Рокетсите во меѓувреме ќе станат шампиони или Гордон ќе биде избран на Ол-стар натпревар. Овој 30-годишен стрелец беше еден од шесте играчи кои постигнаа повеќе од 200 тројки минатата сезона, а во просек за Рокетсите за три сезони постигнувал 16,8 поени.
Првите три сезони во НБА сезоната ги помина во ЛА Клиперс, следните пет во Њу-Орлеанс, а последните три во Хјустон. Во својата прва сезона кај Рокетс, тој беше избран за шести најдобар играч во лигата, но во последните две се почесто беше стартер.
Рокетсите сега ќе ги имаат осигурено до 2022 година четири главни играчи – Џејмс Харден, Расел Вестбрук, Клинт Капела и Ерик Гордон.