Австралија ја оправда улогата на фаворит против Канада во првото коло од групата Х на Светското кошаркарско првенство во Кина.

Австралија доминираше во првите две четвртини, но со одличната трета четвртина од 37:24, Канаѓаните донесоа неизвеснот на натпреварот.

Сепак, Австралијците во последната четвртина покажаа дека во моментов се поквалитетна репрезентација оставајќи ги своите ривали 16 поени зад нив за конечен резултат 108: 92.

Најефикасен кај победничката екипа беше Метју Делаведова со 24 поени, а кај Канаѓаните Кем Бирч, кој постигна 18 поени.