Многумина веруваат дека живеат повеќе од еден живот, а каков ќе биде следниот, зависи од тоа колку справедливи и добри сме биле во претходниот. Според некои будисти, душата се раѓа одново, додека не достигне совршено просветление. Како да знаете дали вашата душа ја исполнила мисијата? Еве седум знаци кои покажуваат дека веќе сте биле на Земјата.
СТРАВ БЕЗ ПРИЧИНА
Според низа психолози, секоја човекова фобија може да биде објаснета. Ако имате страв од летање или страв од вода, тоа значи дека во минатиот живот веќе сте имале проблеми со височини или можеби сте се удавиле.
РАЗВИЕНА ИНТУИЦИЈА
Некои луѓе имаат чувство дека веќе живееле долги години и виделе речиси се на овој свет. Сите се воодушевувме од луѓе кои, иако млади, покажуваат неверојатна мудрост. Тие често се потпираат на интуицијата и успешно можат да предвидат некои ситуации.
ПОВТОРУВАЊЕ НА ИСТИ СОНИШТА
Експертите сметаат дека во сон често го гледаме тоа што го сакаме. Ако некои соништа ни се повторуваат, тоа е повод да се размисли дека душата можеби живеела повеќе од еден живот и сега ги повторува моментите кои и се битни. Поради тоа и нашите предци, а и ние денес, веруваме дека соништата можат да ни кажат што ќе ни се случи во иднината врз основа на настани кои ни се случиле во минатото.
ЧУВСТВОТО ЗА „ВЕЌЕ ВИДЕНО“
Веројатно мнпогумина од вас го имале ова чувство, посебно како деца или како помлади. Со зголемување на возраста, ова чувство се губи. Тоа е во директна врска со вашите претходни животи.
ЧУВСТВУВАЊЕ НА ТУЃА БОЛКА КАКО СВОЈА
Се смета дека луѓето кои се многу чувствителни и биле подложени на големи страдања во минатото, собрале толку големи емоции што сега реагираат чувствително на се што се случува околу нив.
ИНТЕРЕС КОН МИСТИЧНОТО
Ако ве привлекува се што е мистично и невообичаено и пријателите постојано ви префрлуваат дека сте филозофски настроени кон животот, тогаш можете да бидете сигурни дека се обидувате да ја најдете смислата на животот и да ги корегирате грешките кои преходно сте ги направиле.
ЖИВОТ БЕЗ ГРЕШКИ
Некои веруваат дека „бившата душа“ веќе успеала да ги анализира грешките направени во минатото, па сега не дозволува нивно повторување. Ете зошто за некои луѓе имаме чувство дека однапред знаат што да прават во било која ситуација.