Дојдете в недела од 11 часот во Градскиот парк, заедно да го прославиме Денот на независноста, ги покани граѓаните премиерот Зоран Заев на утрешната прослава во Скопје, на која граѓаните ќе може да си го проверат и своето здравје.

– Ве поканувам и да бидете дел од активностите кај Школка, каде што ќе имате можност: да го проверите вашето здравје; да се информирате за заштитата на животната средина; да учествувате во спортски активности; да погледнете изложба на фотографии; да се запознаете со вештините на Армијата и на полицијата; да научите како се користат ПП апарати и како да се заштитите од пожари; да се информирате за користењето на МојДДВ; да дознаете повеќе за Младинска гаранција; да аплицирате за Европска младинска картичка; да уживате во традиционална храна од сите краеви на С. Македонија. Дознајте повеќе за сите активности, порачува Заев.