Како можам да не ги пофалам Заеви што донесоа одлука да направат плантажа за марихуана во Зелениково, на 200-300 од мене, пишува поранешниот пратеник и политички аналитичар, Александар Пандов.
– Во текот на животот сум запознал многу народ. Со дел од нив се знам пред 1990-та кога и немаше политички партии. Понатаму во различни ситуации сум дружел со луѓе од различна верска, национална и политичка определба. Со најголем дел од нив сум пријател и на ФБ. Овие последните, со кои немаме заеднички политички ставови, не ретко ме прашуваат дали некогаш ќе напишам некој убав збор, пофалба за (Зоран) Заев, пишува Пандов на Фејсбук.
И, додава, еве дојде и тој ден!
– Еве како можам да не ги пофалам Заеви што донесоа одлука да направат плантажа за марихуана во Зелениково, на 200-300 од мене. Благодарение на неа, за да не си ги кршат колите, го направија патот од Драчево до Орешани, а и од Орешани до Таор. Одличен е (види слики)! Ним гледам им останала стара навика од Муртино, па гане и надвор си садат, што секако е за поздравуање, на мало ветре цел комшилук насмеан! Како и да е, на Заеви им посакувам добар принос од марата, а ние селаните со здравје и среќа да си го користиме пато, кој сега е масовно на цело село, пишува Пандов.