Првоосомничениот во криминаланата афера Рекет, Бојан Јовановски, е во многу лоша здравствена сосотојба, изјави за Телма, неговиот адвокат Сашко Дукоски.
Тој додава дека неговиот клиент има многу големи болки од претходно направени две неуспешни операции кои, како што изјави Дукоски ги направил по своја желба. Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал болки, а затворската управа била коректна и секогаш му била обезбедена здравствена заштита.
Боки 13 неколкупати беше носен во Клиниичкиот центар за преглед. Дукоски вели дека не знае како ќе се одвива здравствената ситуација на неговиот клиент. Според неговите информации Јовановски има хируршка интервенција со подврзување на желудник за намалување на телесната тежина.
Во емисијата Код на ТВ Телма беше објавено дека деловна партнерка на Боки 13 добила кривична пријава од скопска градежна фирма, зашто и оваа фирма била измамена според истата веќе позната шема од договорите со ГП „Пелистер“ од Битола и „Дрим билдинг“ од Струга.
Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз. И тука Боки 13 имал деловна партнерка, чие име не е познато, која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови.
На ваквата игра, паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на сметка на партнерката на Боки 13. На 10 јануари 2018 година тие успеале да ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот.
Како што било наведено во договорот, била предвидена изградба на станови, спортски објекти, едукација за здрав живот и медиумска програма за општествена одговорност.
Парите биле уплатени во неколку транши од по 13,5 милиони, 1,97 милиони и 618 илјади денари.