Заврши распитот на претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз на Боки 13, Агапи Дика. Два и пол часа се задржа во салата за распит во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Дика не одговараше на новинарските прашања, рече “истрагата ќе покаже”. Зградата на обвинителството ја напушти од споредниот влез., известува ТВ Сител
За „Рекет“ денеска сведочи и бизнисменот Зоран Азманов. Тој претходно во јавноста изнесе информации според кои и тој бил жртва на Боки 13.