Во 16 часот и 4 минути, земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Албанија, 33 километри западно од Тирана и 6 км северно од Драч, во Јадранското Море, на длабочина од 10 км.
Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија, како и во Скопје, со помала јачина, но доволно за обичниот човек, посебно оние кои живеат во згради, да се занишааат, како што рече еден скопјанец на ФБ, во своите фотелји.