Некои кога ќе го видат овој симбол крвта во вените им се смрзнува, а нас пак ни ја топли душата, пишува на Фејсбук отец Стеван Здравески.

Со реобјава на овој пост на отец Стеван на нивната Фејсбук страница, „Млади за Македонија“ само додаваат:

– Никогаш северна, само Македонија!

Непотребно е да се објаснува дека симболот за кој станува збор е Сонцето од Кутлеш, пред отец Стеван во македонски верски храм, а кој актуелната Влада на Зоран Заев го бриши и бруси насекаде од јавниот простор, во обид да го избрише и од меморијата на народот како симбол на првото знаме на самостојна Република Македонија.