САД ги укинаа визите за Полјаците, објави синоќа претседателот Доналд Трамп, а само четири други земји-членки на ЕУ, вклучително и Хрватска, остануваат во визниот режим со САД, пренесува Хина.
Хрватска, Бугарија, Романија и Кипар се единствените земји-членки на ЕУ кои не го уживаат принципот на реципроцитет меѓу ЕУ и САД.
Трамп минатиот месец објави дека очекува укинување на визите за Полска во наредните неколку недели, што значи дека на нејзините граѓани нема да им треба виза за патување во САД до 90 дена, без разлика дали е деловна или туристичка.
Во петокот, американскиот претседател објави дека Полска официјално влегла во програмата за ослободување од виза (VWP).