Старото македонско знаме со Сонцето од Кутлеш му носи среќа и нови победи на младиот кик-боксер Виктор Димовски – Тампес, кој денеска освои два златни медала на Светско првенство во Германија.
Младиот фајтер живее во Германија и денеска во Дизелдорф освои два златни медали во категориите лајт контакт (до 47 односно до 53 килограми).
Покрај овие денешни успеси, Виктор ќе се обиде да го освои и првото место и во категоријата семи контакт (до 47, односно до 53 килограми), со што ќе застане на тронот на светскиот кик бокс.
Младиот кик-боксер Виктор е роден од Велес, а живее и тренира во германскиот град Франкфурт.