Македонскиот каратист Емил Павлов е победник во финалето на силната Премиерлига во Москва.
Каратистот Павлов беше подобар во финалниот натпревар и со 3:1 го совлада Ерај Самдан од Турција.
На патот до големиот успех македонскиот каратист успеа да запише пет победи, меѓу кои и две против двајца светски шампиони, а притоа се бореше и со повреда на раката.
Резултатите во Премиерлигата за карате се бодуваат за настапот на Летните Олимписки игри во Токио следната година.