Солзи и тага: Семејството, колегите, пријателите се простија од Влатко

/ 08.07.2018

Речиси целата музичка естрада денес дојде на градските гробишта во Ѓорче Петров да го испрати пејачот Влатко Илиевски во неговиот вечен дом.

Освен семејството, неговите музички колеги, тука беа и голем број на фанови, блиски пријатели, роднини.

Со солзи во очите и венци свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат почит на Влатко.

Елена Ристеска, Бени Шаќири, браќата Тавитијан, Дани Димитровска, Џокси, Стефан и Мартин од Некстајм, Роберт Билбилов, Слаткар, Весна Петрушевска, беа само дел од оие кои со неверување дојдоа за последен пат да се простат од нивниот пријател.


Од истата категорија