Семејството на едно 5-годишно дете вели дека нивното дете е казнето затоа што гушнало друго дете на час.

Раководителите во основното училиште „Ист Риџ“ во Чатанога, Тенеси, рекоа дека момчето ги преминало дозволените граници.

Директорот на училиштето вели дека персоналот неколкупати разговарал со петгодишниот Натан пред да го повикаат одговорното лице да разговара со него за „границите“, по што тие поднеле пријава до државните органи.

Семејството на детето вели дека станува збор за голема забуна. Туторката на Натан, Сумари Путнам, која разбирливо беше лута, откри дека Натан е обвинет за сексуално недопуштено однесување бидејќи прегрнал еден ученик, а друг го бакнал во образот.

„Тоа е тотално пореметено. Наставничката ми се јави и ми рече дека треба да разговарам со Натан за границите“, изјави Путнам.

„Ако не разбирате како функиционира аутизмот, ќе помислите дека тој се однесува непристојно или дека е непослушен, но работата не е во тоа“, вели Путнам.

Патнам откри и дека заради аутизмот, Натан честопати има проблеми со разбирањето на социјалните норми. „Не зборуваме за тоа кога Натан е близу. Тој не разбира многу од ова, а голем проблем е што ова ќе остане трајно во неговото досие. Морам да бидам неговиот глас, затоа што тој не може да се претставува себеси “, рече Путнам.

Оттогаш Натан е запишан во специјални образовни служби, со различни часови и различни наставници.

Бабата на Натан, Деби Амик објави пост на Фејсбук: „Што да направите кога петгодишник е обележан како сексуален предатор и е обвинет за сексуално вознемирување од страна на образовниот систем? Заклучено е на начин на кој во неговото досие засекогаш ќе биде забележано дека тој е сексуален престапник. Детето е аутистично, ги разбира  работите поинаку од обичниот петгодишник. Што да се прави? Кому да се обрати за помош кога образовниот систем не сака ниту да го слушне лекарот на вашето дете кога тој ги објаснува проблемите на детето во однос на разбирањето на едноставни работи како што се границите. Ако некој може да понуди совет или помош, ве молиме сторете го тоа. Слободно можете да коментирате или испратете ми пораки во сандаче. Тие не треба да го третираат детето на овој начин. Детето дури и не разбира што е сексот “, нашиша Амик.