Претседателот Стево Пендаровски утре ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.
Тоа е прва официјална посета на Пендаровски на Албанија.
Пендаровски во Тирана ќе се обрати на Мировниот самит на Југоисточна Европа во организација на Универзалната Федерација за мир.
Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со албанскиот претседател Илир Мета и со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на албанското Собрание, Грамоз Ручи.