Со денешната последна сесија на „Охридски дијалог“ на која учествуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска и советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Заев, Дане Талески, заврши годинашната средба на членови на Владата, претставници на Атланскиот совет и поранешни и сегашни ЕУ и НАТО дипломати, кои низ стратешкиот дијалог работеа на унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Македонија и регионот.
Дел од темите кои беа анализирани беа и придонесите, но и придобивките на Македонија, што треба да се очекуваат во последните месеци пред станување полноправна членка на НАТО, но и во периодот кој ќе следи.
Говорниците со согласија дека С. Македонија во последните две години стана извозник на стабилност и демократија. Безбедносните реформи кои беа преземени, како и постојаната работа на унапредување на стабилноста на институциите на системот треба да бидат континуиран напор.
„Охридскиот дијалог“ е во организација на Охридската група, Владата на Република Македонија и Атланскиот совет.