Прилепскиот Центар за јавно здравје испитува дали е загадена водата од јавната чешма во селото Стровија, општина Долнени, откако непознато лице деновиве истурило непозната црна течност.

Како што информира портпаролот на СВР Битола Соња Стаматова, инцидентот се случил меѓу 7 и 9 јули.

–  Непознат сторител делумно ја отстранил бетонската покривка од резервоарот за вода на јавната чешма во центарот на селото Стровја, истурил непозната црна течност и заминал. Овластени лица од Центарот за јавно здравје зедоа примероци за утврдување на видот и степенот на евентуална загаденост на водата, рече Стаматова.

Полицијата работи на расчистување на случајот.