Му благодарам на италијанскиот премиер Конте за поканата за моја работна посета во Рим и за топлото добредојде попладнево во Владата на Италија, објави премиерот Зоран Заев кој попладнево стигна во Италија.
– Ги негуваме и развиваме пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји и нашите граѓани потврдувајќи дека Европа е нашиот заеднички дом, објави Заев на Фејсбук.
Заев по денешната кратка средба со италијанскиот премиер Џузепе Конте заминува во Брисел каде што со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини ќе учествува на прошталната вечера.