Против 25-годишна штипјанка поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Од МВР велат дека на 13 март годинава, во затвор во Штип, при извршен преглед над пријавената, која вршела посета на нејзиниот сопруг кој бил на издржување казна затвор, биле пронајдена и одземена марихуана.