МИЦКОСКИ ОД КУМАНОВО ДО СДСМ: Не праќајте гласници да молат за милост! Ќе одговарате!

/ 02.11.2019

После изборите, на 12 април нема бегање. Следува одговорност. Па колку и да праќате гласници да молат за милост. Ќе одговарате и за арамилукот, ќе одговарате и за криминалот, ќе одговарате и за корупцијата. А најмногу ќе одговарате затоа што национално го подведовте народот. Затоа што подвиткавте кичма, затоа што одлучивте да слугувате на туѓи интереси, истакна пред кумановци лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Е за тоа јас ви ветувам дека ќе следува одговорност. Вистината ќе дојде после 12 април, па колку и да сте конфузни во вашите изјави, те ќе имало избори те ќе немало избори. Избори ќе има. На трети јануари имаме техничка Влада, а на 12-ти април 2020-тата победува обновата за Македонија. Ги пониживте и ги омаловаживте граѓаните на Македонија. Јас не го терав со сила Зоран Заев, да оди во Ресен и да ветува загарантиран откуп за земјоделците, повисоки субвенции. Самиот одеше и лажеше. Јас не го терав Зоран Заев и Љупчо Николовски, 2016-тата да појдат во Кочани, во Оризари, во Зрновци и во Чешоново-Облешево и да ветуваат загарантирани цени за оризовата арпа и за оризот 25 со 50 денари. Тој тоа го правеше, коленичеше за гласови, ги гледаше луѓето во очи исто како што сега повторно ќе отиде и ќе ги гледа во очи, и ќе ветува се и сешто. Уште бесмртност не ветил, друго се ветил. Јас не го терав Зоран Заев да оди по Тиквешијата, да им ветува на кавадарчани и на неготинчани, на луѓето од Демир Капија, од Росоман дека ќе имаат повисоки откупни цени за грозјето, за праските, за кајсиите, загарантиран откуп, повисоки субвенции. Јас не го терав, тоа тој го правеше. Пред избори ги лажеше луѓето. Ги гледаше во очи и ги лажеше, исто како што сега повторно ќе прави. Ќе оди, ќе ветува се и сешто, и ќе лаже за да ги сочува привилегиите. Зошто му се важни привилегиите?, прашува Мицкоски.

Тој додава дека затоа што знае дека после 12-ти април следува одговорност. Бега од одговорност. Знае колку криминал, колку арамилук, колку понижувања, колку срам донел во оваа држава. Затоа ќе лаже. Без круполи ќе лаже и ќе шета по плоштадите, по улиците. Ќе ветува се и сешто. Ќе го слушнете повторно оној примитивизам, мало сутра, познат од Прилеп што го кажуваше. Тоа е нивото.

-Дали ќе биде, мало сутра, или поинаку, подготви се за долга политичка пензија после 12-ти април 2020-тата. Подготви се за одговорност и ти и тие околу тебе. Никој од нас не го тераше Зоран Заев да ветува студентски градови, гаранција младинска, загарантирана иднина. Никој не го тераше да ги реди оние чевли пред Влада во таа 2015-2016, да ветува дека не само живот, туку и дека ќе ги враќа луѓето назад во Македонија. Самиот тој тоа го ветуваше. Гигледаше луѓето во очи, си подигруваше со човечката судбина, со неправдите за Смилковско. Си подигруваше со неправдите за Мартин Јанушев, за Мартин Нешковски. Ги лажеше луѓето. Ги гледаше во очи и ги лажеше. Им викаше дека он ја знаел вистината. Не. Он е само принцот на лагата и манипулацијата, за тие пусти фотелји и за тие пусти привилегии. Ништо друго не го интересира. Важно му е да раѓаат плантажите со марихуана. Ако е можно што побрзо таа марихуана да ја извезе од Македонија, да заработи некој милион на грбот на граѓаните. Важно му е како некој тендер плус да добијат луѓе блиски и дел од неговото семејство. Важно е камионите во РЕК Битола да копаат, важно е багерите на патот Радовиш-Струмица да врват. А што се однесува до другите патишта и авто патишта, нема ништо. Нему му е важно провизиите да летаат. Тоа е основната цел денеска на раководството на СДСМ предводено од Зоран Заев. Колку повеќе арамилук, колку повеќе грабај за да после 12-ти април има бегај. Таа е политиката која што денеска е секојдневие. Грабај, а после 12-ти април 2020-тата година, бегај. Е нема каде да се криете. Правдата ќе стигне, порача Мицкоски од Куманово, рече Мицкоски.


Од истата категорија