Во Изложбениот салон-Империјал 1 вечерва ќе бидат промовирани книгите „Стварно не знам каков наслов” од Линдита Кадриу и „Мејлови” од Арлинда Зимери и Линдита Кадриу.
Книгата „Стварно не знам каков наслов“ е составена од раскази и есеи, поделени на поглавја за иконичните фигури на авторката за детството во Тетово, работата како новинарка и предавач на факултет, пријателите, соништата и Сонот за Него. Кадриу има објавено две книги и две коавторски.
Арлинда Зимери, родена во 1987 година, е државна правобранителка, психоаналитичарка и писателка и ова е нејзина прва објава.
– Во разбревтано време кога скоро сите брзаат некаде, две пријателки си пишуваат долги или пократки писма на разни теми: љубов, другарство, театар, поезија, стара чаршија и малите лични чинови, единствените кои нề менуваат нас и нашата средина, колку-толку, соопштуваат организаторите за книгата „Мејлови“.