Најмалку 38 луѓе останаа заробени во рудникот Теутшентал во централна Германија откако дојде до експлозија, при што две лица се повредени.
Експлозијата се случи во 9 часот изутрина кај Лајпциг, во германската сојузна држава Саксонија. Заробените лица наводно се на безбедно, во некое засолниште. Весникот „Билд“ објави дека 38 луѓе се заробени 700 метри под земја.
Рудникот во Теутшентал, кој работи од почетокот на минатиот век, беше згаснат во 1982 година и претворен во депонија за минерален отпад. Претходно од него се вадел калиев метал.