Реакција на екс претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељановски, по повод изјавите на Исмаиловска и Рангелова дека од сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се барало однапред да дадат согласност за смена на името на Македонија пред да бидат поставени на пратеничка листа:
„Од сите кандидати за пратеници на ВМРО секогаш било барано да прифатат два принципи. Првиот, да ја почитуваат изборната програма врз основа на која гласачите им ја дале довербата и честа да бидат народни пратеници. И второ, да ја почитуваат вољата на народот изразена на законски организиран референдум. Секој пратеник за себе, но и гласачите, најдобро знаат кој ја оправдал довербата на народот, а кој ја продал вољата на гласачите за три сребреници.“