Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од Радовиш ја коментираше изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека му билочудно однесувањето на Катица Јанева.
-Го слушам оној поданик на Заев, министерот за внатрешни работи како се обидува да се пере од политиките на Заев, па денеска ќе го слушнете на Канал 5 како ви вели дека чудно било однесувањето на специјалната јавна обвинителка во случаевите коишто беа поврзани со корупциски-историски најголемиот криминал наречен „Рекет“. Еве ја користам оваа прилика овде во Радовиш да му порачам нека направи еден разговор со вашата радовишанка коешто беше дел од тоа СЈО, па таа ќе му каже како се менувале и како се договарале и обвиненијата и потенцијалните пресуди. Таа ќе му каже како се менувале одлуките од притвор во куќен притвор за други интереси, затоа што некој друг поинаку сакал да биде. Таа ќе му каже каква порака Катица Јанева во групата на вибер каде што се наоѓале сите специјални јавни обвинители на 9 Јануари 2019 испратила веднаш после најголемиот чин на предавство што и се случи на нашата држава, а тоа беа уставните измени, како се уценуваа пратеници, како луѓе се ставаа во притвор, а потоа се тргуваше со притисок и истите тие луѓе се ослободуваа. Нека ја праша вашата сограѓанка коешто беше дел од тоа специјално јавно обвинителство, па таа ќе му одговори за коалицијата помеѓу специјалното јавно обвинителство органите на прогон којшто тој ги води судството и владата, а потоа ќе си одговори самиот себе каква тоа коалиција преќутна направи Зоран Заев за да може да го направи тоа што го направи н македонскиот народ, на граѓаните на Македонија и на Македонија.