Почина 13-годишната Лорел Григс, малата ѕвезда од Бродвеј.

Оваа трагична вест за смртта на малата Григс ја соопшти нејзиниот дедо Дејвид Ривлин.

– Со тешко срце ја споделувам со вас оваа многу тажна вест. Мојата преубава и талентирана внука ненадејно почина по тежок напад на астма. Во болницата направија се за да ја спасат, но таа е сега со ангелите, напиша Дејвид Ривлин.

Лорел на Бродвеј дебитира во 2012 година на 6-годишна возраст. Глумеше покрај Скарлет Јохансон и Кристен Стјуард, а во текот на 2017 година неколкупати гостуваше во серијата Saturday Night Live.