Едно хумористично видео од Кина ја прикажува, за жал, добро позната ситуација во градскиот сообраќај.

Иако не е познато колку е автентично снимањето, тоа нè учи важна лекција за пристојност, љубезност и убаво однесување.

На снимката се гледаат патниците кои седат во автобус, додека бремена жена стои.

И, бидејќи никој не сака да стане, тоа видно го вознемири возачот кој направи нешто урнебесно!

Имено, тој одлучи да стене од неговото седиште и да и го отстапи на бремената жена. Ја седна зад воланот и почна да и објаснува како треба да вози, кога конечно  на безобразните патници им текна дека треба да станат.

Наскоро сите сакаа да и отстапат место на бремената жена.