Третооделенецот Паркер Вилијамс од Флорида, и ги понудил на својата наставничка парите кои ги добил за неговиот роденден, бидејќи сметал дека наставниците не се доволно платени за она што го работат.

Деветгодишниот Паркер и дал 15 долари на наставничката, велејќи и: „Драга г-ѓа Чемберс, мислам дека наставниците не се доволно платени за она што го работат, дали сакате да го прифатите овој подарок?“

Наставничката на Паркер, Мери Хол Чемберс најпрво помислела дека се работи за пари за екскурзија, а кога ја прочитала порака која ја напишал ученикот, му рекла дека тоа е „најслатко нешто“ што некогаш го видела.

„Паркер, ова е толку убав гест. Не можам да ги земам твоите пари, но ценам што внимаваш на мене “, му одговори таа на момчето.

Мајката на момчето, Џен, не знаела дека нејзиниот син се обидел да и ’даде пари на наставничката, а дознала кога во торбата ја видела пораката и парите.

„Го прашав син ми што е тоа, и кога сфатив, ми потекоа солзите“, вели мајката.

Нејзиниот син признал колку многу ја сака својата наставичка и открил зошто го сторил тоа.

„Ја сакам наставничка и сакав да и вратам за се. Наставниците не се доволно платени “, вели момчето.

Ова не е прв пат Паркер да биде во улога на филантроп. Со своите двајца постари браќа, тој започна клуб наречен „Друштво на млади филантропи“ во кој волонтира и прави добри дела во неговата локална заедница.