На прес-конференција во Брисел, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтнеберг најви дека „Грузија же стане членка“ на Алчијансата.
Иако не е прецизиран датум кога тоа би можело да се случи, сепак, веста е пренесена како ударна.
На заедничката прес-конференција на Столтнеберг и грузискиот претседател Гиорги Маргвелашвили, шефот на НАТО рече дека лидерите на сојузниците ова го потврдиле на состанокот вчера.
Поздравувајќи го напредокот во таа земја на планот на рефромите, Столтенберг рече дека НАТО ќе продолжи да работи со владата во Тбилиси за подобро да се подготви земјата за членство.
Столтенберг истакна дека Алијансата го поддржува територијалниот интегритет на Грузија во рамки на нејзините меѓународни граници во кои се Абхазија и Јужна Осетија.
За разлика од повеќе членки на НАТО кои се уште не издвојуваат 2 остсто од БДП за одбраната, Грузија тоа го остварува, па и за тоа доби пофалби од Столетнберг.