Токму во овој мандат, кога жена ја води одбраната, влегуваме во НАТО, истакна денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска на трибината на Форумот на жени на партијата, насловена „20 години чекориме на патот на еднаквоста“.
– Храброста беше неопходна пред три години, кога бевте со нас. Храброста и промените немаат само женски род, туку видливо женско лице. Девојки и жени кои стоеја и бранеа пред полиција, пред протести, кои знаеја дека првата жртва се токму жените. Сакам да си повториме дека бевме први и затоа сме денес најдобри. Тие што се премлади за да се сеќаваат на тоа време, би се изненадиле колку беше тешко во младината да се зборува за жени и девојки. Храброста беше потребна и кога за првпат вградивме квота во Статутот на СДСМ. Да порачаме дека СДСМ повторно ќе биде првата партија која ќе овозможи целосна еднаквост на листите, 50:50. Да бидеме први кои ќе ги менува состојбите и во извршната и во централната и во општинската власт. Оваа влада го реши и бројот со стечајците, од кои голем број беа жени. Токму оваа влада го донесе Законот за зголемување на минимална плата, која најмногу им помага на жените во конфекцијата. Токму оваа влада и Собрание ја излгасаа истанбулската конвенција и го вратија правото на жените да одлучуваат за своето тело и своето здравје. Токму во овој мандат, кога жена ја води одбраната, влегуваме во НАТО. Овој премиер, кој им верува на жените остави во ресорите кои ги предводат жени да има дупло повеќе пари отколку во било кои други ресори кои ги предводат мажи. Премиерот имал доверба жени да имаат највеќе пари и да ги трошат домаќински, рече Шекеринска на форумот.
Жената од одбраната, за која на трибината говореше вицепремиерката Шеќеринска, е министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.