Зоран Заев и Оливер Спасовски се во паника oд претстојниот изборен пораз, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
– Стравот е толку голем што посегнуваат по незаконски злоупотреби само за да ја намалат огромната разлика. Спасовски и Заев партиски се пресметуваат со професионалци од МВР, кои не се согласуваат да исполнуваат политички нарачки, а потоа државата го плаќа таквиот реваншизам преку исплата на штета кога шиканирате вработени ја тужат службата. Спасовски противправно потпишувал решенија за прераспределба на професионалци на работни места оддалечени и повеќе од 200 километри од нивното место на живеење. Незаконско дејствие за кое има и судска пресуда против МВР. Стотици вакви тужби и пресуди пристигнуваат на адреса на МВР. Заев и Спасовски се во страв од неминовниот пораз на 12 април и затоа мислат дека со заплашување ќе влијаат врз граѓаните. Никој повеќе не им се плаши, ниту граѓаните, а уште помалку професионалците во институциите, се вели во соопштението.
Натаму во реакцијата се додава:
– Во Република Македонија има закон, кој ќе се применува на сите недоследности, шиканирања и криминали кои се вршени во изминатиов период. Одговорност ќе има како за нарачателите, така и за извршителите за сите незаконитости. Нема да им помогнат ниту насилните обиди за смена на Актот на систематизација, кој доаѓаат на месец дена пред формирање на техничка влада. Бродот наречен СДСМ одамна е заринкан, неговото тонење е прашање на месеци. На 12 април следува целосно потонување на СДСМ, што ќе значи обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, соопштува опозициската партија.