Сценарио од новиот филм „Војна на ѕвездите“ протече на интернет, по невнимание на еден од глумците и веднаш се најде на страницата за продажба „И-Беј“.
– Eден од нашите глумци, нема да кажам кој – сакам, ама нема да кажам – го заборавил сценариото под неговиот кревет, па тоа било најдено од некој што го расчистувал тоа место, изјави режисерот Џеј Џеј Абрамс.
Се работи за филмот „Star Wars: The Rise of Skywalker” (Војна на ѕвездите: Издигнувањето на Скајвокер). Премиерата е закажана за 20 декември годинава.
Откако сценариото се најде на интернет, продукциските куќи Дизни и Лукасфилм веднаш го откупиле, па овој инцидент не предизвикал голема штета.