НИКОЛОВ ДО ФИЛИПЧЕ: Ветивте 100 000 основна плата, еве ви листа со пет дежурства, доктор на науки – 70 000!

/ 01.12.2019

Министре ветувањето беше 100 илјади денари основна плата, а релизирањето е далеку. Еве мојата плата е 70 илјади денари со пет дежурства, а јас сум доктор на науки, доцент, рече доктор Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата со министерот за здравство Венко Филипче на телевизија Сител.

-Не манипулирајте со бројките министре, ветивте 100 илјади денари основна плата, а од тоа нема ништо, додаде Николов.

Проблемот е што министерот за здравство Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурање Ден Дончев се сликаа и кажуваа дека ќе има јавно приватно партнерство детска кардиохирургија за по шест месеци да видиме дека нема ништо од тоа, истакна Николов.

-Што се случи со, како што вели министерот, хуманиот капитал само одлив,  професионалци од јавното преминаа во приватното здравство. А ако е како што велите движење на кадарот зошто не направите услови да се вратат во јавно здравство. Кардиохирургијата претставува гранка која треба да биде присутна и во јавното здарвство, рече Николов.

Според него наместо физибилит студии,  шефот на Филипче, Зоран Заев требаше а се фатат за работа.

-Што направивте само физибилити студии без никаква реализација. Се  решивте за нов клинички центар надвор од Скопје, посочи Николов.

Во рамки на постојниот Клинички центар, според Николов, требаше паркинг барем да направи за да паркираат луѓето.


Од истата категорија