Вишокот на телесни масти доведува до срцеви заболувања, дијабетес, хипертензија, масен црн дроб и го зголемува ризикот од развој на рак. Храната богата со растителни влакна ќе ве држи заситени многу подолго, намалувајќи ја потребата за храна. Тие се идеален избор за луѓе кои се борат со запек.

Намерниците богати со протеини се одлични, ако сакате да изгубите тежина и да ја одржувате мускулната маса во исто време. Тие обезбедуваат доволно енергија за дневните активности. Ако имате проблеми со вишок тежина, гладувањето е последната работа што треба да ја направите. Наместо тоа, консумирајте го секое утро за појадок оваа супер вкусно смути и телесната тежина ќе ја губите на природен начин. Секој од овие фрапери ќе го забрза вашиот метаболизам и ќе ја подобри способноста на вашето тело да согорува маснотии.

Проверете ги рецептите и започнете со природен процес на слабеење без посебен напор:

1. Состојки:

– 1 банана
– 1 портокал
– 2 лажици бадеми, мелени
– 2 лажици ленено масло
– 2 свежи или сушени смокви
– 1/3 чаша вода

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, па пијте додека се свежи.

Забелешка: Ако користите сушени смокви, потопете ги во вода половина час пред да ги користите.

2. Состојки:

– 1 чаша малини
– 1 јаболко
– 1 банана
– 1/2 лимон
– 1 лажица ленено семе

Подготовка:


Измешајте ги сите состојки и напијте се свеж пијалак.
Забелешка: Ако користите органски јаболка, не ги лупете.

3. Состојки:

– 2 киви
– 1 банана
– 1/2 јаболка
– 1 портокал
– 1 лажица ленено семе
– 1 лажица лешници

Подготовка:

Измешајте ги состојките и напијте се свеж пијалак.