Актуелниот тренер на кинескиот клуб Шангај СИПГ, некогашниот фудбалер Витор Переира, е главен кандидат за преземање на тренерската позиција во англиски Евертон.

Португалскиот стручњак би можел во следните часови да добие дозвола од Шангај да си замине, но секако откако Евертон ќе плати одредена компензација. За 51-годишниот Переира се интересира и Арсенал, а за клупата на Евертон, најсериозен противкандидат му е Дејвид Мојс.

Переира со Шангај во минатата сезона го освои третото место. Тој во Кина зема огромна плата, а претходно ги има водено Порто, Олимпијакос и Фенербахче, но предизвикот да биде тренер на Англија можеби ќе пресуди.