Франција е светски првак во ф,удбал по победата над Хрватска со 4:2. Натпреварот се чини беше решен по првите два гола што ги прими Хрватска во првото полувреме – првиот, автогол на Манџуќик и вториот по пенал во кој немаше намера на Перишиќ да игра со рака, а судијата го досуди по преглдаување на снимката.
Остана второто полувреме, но по третиот гол на Франција, хрватската репрезентација едноставно немаше психолошка сила да се врати во играта.
Општ впечаток е дека Хрватска одигра подобар натпревар, но немаше среќа за играта да ја круниса со победа и светска круна.